[ФОТО] Постариот син на Ибрахимовиќ пораснал во вистински викинг: Убав е на мајка му, има необично име и 2 презимиња - а од татка си го наследил талентот и животните лекции од Балканот

Кармин

15/01/2026

16:26

1.719

Големина на фонт

а а а

Иако е еден од најуспешните и најбогатите фудбалери (и спортисти генерално), Златан Ибрахимовиќ се обидува својот приватен живот да го задржи во својот микро свет, далеку од фудбалските стадиони, медиумите и љубопитноста на јавноста. Има два сина, а бидејќи двајцата веќе тргнале по неговите стапки, природно започнале да привлекуваат уште поголемо внимание – колку и да се труди таткото да ги држи подалеку од медиумската хистерија и помпа. Овде особено мислиме на постариот, Максимилијан.

Златан Ибрахимовиќ е во врска со Хелена Сегер, шведска претприемачка и поранешна манекенка, веќе повеќе од две децении. Се запознале во 2002 година, во период кога неговата кариера била во подем, а нивната врска од самиот почеток била нетипична за светот на познатите. Хелена е 11 години постара од Златан, што никогаш не го сметале за пречка. Иако се вериле уште во 2005 година, никогаш не инсистирале на формален брак, туку семејниот живот го граделе според своите правила.

Заедно имаат два сина – Максимилијан и Винсент – кои пораснале во средини на големи градови во различни земји, во согласност со договорите и ангажманите на нивниот татко, но и со постојаното внимание на јавноста. Сепак, главната цел на родителите била да им обезбедат што е можно понормално детство.


„Немаат Инстаграм. Поголемиот син има, но е поврзан со фудбалот. Кога бевме во Беверли Хилс, додека играв во Лос Анџелес, сите имаа возачи, а тие одеа со велосипеди на училиште. Еден ден им покажав како, и од тогаш одеа сами. Еден ден врнеше дожд и ме прашаа: ‘Што сега да правиме?’ Им реков да го земат велосипедот и да одат. Отидоа. Бев строг, но за нивно добро“, изјавил славниот фудбалер неодамна во подкастот на Славен Билиќ, кога неговиот изговор на српскиот јазик стана актуелна тема на социјалните мрежи.


Максимилијан е новиот Златан?

Поголемиот син, Максимилијан, кој како и помладиот го носи и мајчиното и таткото презиме, е роден во 2006 година и веќе направил чекор кон светот на професионалниот фудбал. Растејќи покрај татко кој играл за најголемите европски клубови, природно покажал интерес за спортот, но без притисок дека мора да „биде новиот Златан“. Неговиот фудбалски пат постепено се развивал преку младинските селекции. Бил член на клубот АЦ Милан – каде што неговиот татко ја завршил играчката кариера – а во меѓувреме преминал во Ајакс.

Помладиот син, Винсент, роден во 2008 година, исто така го гради својот пат во светот на фудбалот, како среден играч во младинскиот погон на споменатиот Милан. Стручњаците го опишуваат како поспокоен и тактички ориентиран играч – за разлика од темпераментниот брат.

И покрај тоа што нивните синови тргнале по спортските патеки, Златан и Хелена секогаш истакнувале дека образованието, карактерот и самостојноста имаат предност пред славата и очекувањата на јавноста.


Семејството ретко се појавува заедно во медиумите, а приватните моменти внимателно се чуваат, што во светот на познатите станало вистинска реткост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk