[ФОТО] Дали би се преселиле на остров со само тројца жители поради работа: Немаат струја ниту автомобили, а плаќаат 15 евра на час

Точка

15/01/2026

14:06

420

Големина на фонт

а а а

Островот Бардси, или Инис Енли на велшки, нуди вработување за три позиции – помошник-чувар за посетители, чувар на добиток и службеник за јавни информации.

И тоа не би било изненадувачки ако не се однесуваше на малиот остров покрај полуостровот Ллин во Северен Велс, кој е дом на многу повеќе добиток отколку луѓе, пишува „Пун куфер“.

Островот има само тројца постојани жители и е дом на околу 300 овци и 200 сиви фоки. Оддалечен е, без автомобили, па дури нема ни електрична енергија.


Но, се одликува со прекрасен пејзаж, Бардси понекогаш се нарекува порта кон рајот поради неговите живописни пејзажи. Тој е дом на првото засолниште во Европа со темно небо, идеално за набљудување ѕвезди поради минимално светлосно загадување.

Прекрасниот остров привлекува стотици посетители секое лето во потрага по мирен одмор на идилична локација. Има само 15 или нешто повеќе имоти, од кои сите се викендички или сместувачки капацитети за сезонски работници.


Првите две работни места бараат престој на островот, а избраните кандидати ќе добијат бесплатен сместувачки капацитет на островот покрај нивната плата. Третата работа може да се заврши и од дома. Часовната цена е околу 12,71 фунти, или околу 15 евра.


Сепак, треба добро да размислите бидејќи стигнувањето до работа во Бардси не е лесно – до него може да се стигне само со брод од Порт Медви. Главниот проблем? Бродот плови само кога временските услови дозволуваат и кога има побарувачка, според веб-страницата на „Бардси ајленд боут трипс“. Покрај тоа, цената на билетот е 57 евра по лице за 20-минутно возење.