Уапсен маж од Валандовско: Управувал возило под дејство на алкохол

Макфакс

15/01/2026

10:15

194

Големина на фонт

а а а

Вчера во 13:06 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода 46-годишниот Г.К. од село Јосифово.

При сообраќајна контрола во село Јосифово е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.