Дамјан е 5-годишно детенце кое многу сака да оди во градинка и да се дружи, игра и трча со другарчињата.
Роден е со ригиден еквиноварус на левото стапало и до сега се поминати 2 неуспешни операции на ногата за да дојде до одредена форма и развој. За жал, оваа состојба го атрофира мускулот на левата нога и го скратува стапалото за цел број, што му прави дополнителни проблеми во одењето, трчањето, возењето велосипед…
„Во консултација со доктор од Виена, потребна е нова операција во која ќе има преместување на тетивата и дополнително вградување на имплант за да се овозможи правилно газење на цело стапало и да се продолжи правилната форма и развој на целата нога. За таа цел потребни ни се средства кои не можеме да ги овозможиме за толку краток период и би ни значело многу доколку заедно ги собереме“ велат неговите родители.
Донациите можат да се остварат преку следниот ЛИНК.








