[ВИДЕО] Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Макфакс

13/01/2026

14:32

634

Големина на фонт

а а а

Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година.

Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организацијата во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите во Охрид.