Во несреќен случај трагично згасна животот на 28-годишниот охридски снимател и продуцент Кристијан Љушев

A1ON.MK

13/01/2026

11:20

2.966

Големина на фонт

а а а

Познатиот охридски фотограф и креативен уметник Кристијан Љушев е лицето кое вчера го загуби животот по пад од зграда во Охрид, пренесува порталот ohridpress.com.mk.

Од СВР Охрид засега нема официјална информација за околностите на настанот. Според неофицијални информации што ги објавува порталот, Љушев настрадал откако паднал од петти кат во окно од лифт во зграда во изградба.


По несреќата, тој бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што медицинските екипи се обиделе да го реанимираат, но без успех.

Кристијан Љушев беше познат по својата работа во продукцијата „Шпанец“ и уживал углед меѓу колегите како вреден и талентиран професионалец. Тој учествувал во бројни проекти, документарни емисии, видеоспотови и други медиумски содржини.