Ливерпул лесно се справи со Барнсли и успеа да слави со 4:1 во ФА Купот, а покрај петте постигнати гола, видовме и една несекојдневна сцена која стана доста популарна на социјалните мрежи.
Арне Слот прикажа голема почит кон ривалот и излезе со доста силен тим на теренот, па во таква ситуација, Коди Гапко ги одигра сите 90 минути.
Холандскиот напаѓач не успеа да се запише во листата на стрелците, но затоа режираше сцена која брзо стана вирален хит.
Гапко остана без копачката во една акција и се најде во ситуација да трча во конта по чорап на левата нога, а истовремено, си ја држеше својата копачка во рака.
Напаѓачот ја водеше топката во контра и потоа бараше проигрување во опасната зона, но на крајот малку фалеше да заврши и на земја.
Gakpo running with a boot in his hand😭 pic.twitter.com/GzD6bVRMP9
— oscar (@oscvrr_) January 12, 2026







