Сиријка (18) брутално убиена во Холандија од страна на татка си и браќата, поради ТикТок видео. Мајката: „Моите синови се невини“

Точка

12/01/2026

14:52

1.845

Големина на фонт

а а а

Сумаја ал Наџар и нејзиното семејство пред осум години побегнале од Сирија и побарале азил во Германија. Нејзината ќерка Риан минатата година била брутално убиена во таканаречено убиство од чест, двајцата синови издржуваат долги затворски казни поради учество во нејзината смрт, а сопругот убиец се вратил во Сирија каде започнал нов живот со друга жена.

Сумаја за сè го обвинува исклучиво него. „Го уништи целото мое семејство“, вели таа за „Daily Mail“. Риан била убиена затоа што почнала да се однесува „премногу западњачки“. Според обвинителството, повод за убиството било видео во живо на ТикТок, кое ја прикажувало Риан без марама и со нашминкано лице. Пораките најдени во преписката меѓу таткото и синовите сугерираат дека видеото „го понижило семејството“ бидејќи „не се вклопувало во нивните традиционални светогледи“.

Убиство од чест

Риан била пронајдена врзана и со завррзана уста, со лицето надолу во езеро во зафрлен парк, само еден месец по нејзиниот 18-ти роденден. Нејзиното убиство било кулминација на повеќегодишен конфликт меѓу девојката и нејзиното семејство околу начинот на кој се облекувала и однесувала.

Холандскиот суд оваа недела го осуди таткото Халед во отсуство на 30 години затвор за организирање на убиството на сопствената ќерка. Неговата поранешна сопруга вели дека се надева дека ќе биде екстрадиран во Холандија за да ја издржи казната. Судот изрече и казни по 20 години за браќата на Риан, 25-годишниот Муханад и 24-годишниот Мухамед, поради помагање на таткото. Нивната мајка одбива да прифати дека нејзините синови биле вмешани.


„Го уништи целото мое семејство“

Сумаја го обвинува исклучиво својот поранешен сопруг за убиството на Риан, но и за лажно имплицирање на нејзините синови и оставање тие да ги трпат последиците. На судењето, како доказ била презентирана порака испратена до WhatsApp семејна група, наводно од Сумаја, во која пишувало: „Таа Риан е к**ва и треба да биде убиена“. Сепак, холандските обвинители не се убедени дека г-ѓа ал Наџар ја испратила пораката - што таа исто така силно го негира - но веруваат дека тоа веројатно го направил нејзиниот сопруг од нејзиниот телефон со цел да поттикне омраза кон нејзината ќерка.

„Беше насилен човек“, вели таа. „Кршеше работи и нè тепаше мене и децата, нè тепаше сите. А потоа одбиваше да прифати дека не е во право и повторно нè тепаше... Го тепаше Муханад, неговиот најстар син, многу пати и го исфрли од куќата. Муханад беше преплашен од него.“

Бунт кој доведе до трагедија

 Постепено, насилните испади на Халед биле сè повеќе насочени кон ќерката Риан. Сумаја раскажува како Риан била малтретирана во училиште поради шамијата што морала да ја носи. „Риан беше добро девојче. Го учеше Куранот, работеше домашни работи и учеше да се моли. Но, постојано беше малтретирана во училиште поради нејзината бела шамија. Риан почна да се бунтува кога имаше околу 15 години. Престана да носи шамии и почна да пуши. Имаше многу пријатели, момчиња и девојчиња.“

 Како што почна да ја отфрла традицијата за да се вклопи, злоставувањето од училиште се префрлило дома. На судењето се слушнало како конзервативниот татко Халед бил бесен поради одбивањето на Риана да носи шамија, да снима видеа на ТикТок и сомневањата дека се гледа со момчиња.


Сестрата на Риан, Иман, (27) ги потврдила зборовите на мајка им:

„Мојот татко беше темпераментен и неправеден човек... Напнатоста и стравот го исполнуваа домот поради него. Риан ја малтретираа во училиште поради хиџабот. Од тогаш таа се промени и стана тврдоглава. Мојот татко ја претепа, по што таа отиде во училиште и никогаш не се врати дома.“

На крајот, Риан избега од дома и завршила во системот на социјална заштита. Иман тврди дека за заштита секогаш се обраќала на браќата.

„Секогаш бараше засолниште кај моите браќа, Муханад и Мухамед. Тие ни беа како татковци, а сега ни се толку потребни.“

„Моите синови не заслужуваат 20 години“

Судот заклучил дека Риан била убиена затоа што го одбила исламското воспитување. Нејзиното тело било обвиено со 18 метри леплива лента, а траги од таткото биле пронајдени под нејзините нокти. Доказите покажале дека таа сè уште била жива кога била фрлена во вода.

Податоците од мобилниот телефон и GPS сигналите ги поставиле браќата на местото на настанот. Камерите го забележале нивното возење од Јуре до Ротердам по Риан, а потоа кон природен резерват. Судот пресудил дека, иако не може „точно да се утврди улогата на синовите во убиството на Риан, тоа е небитно за прашањето на вина“.

„Не беше правилно да се казнат моите синови за она што го направи нивниот татко. Пресудата беше неправедна. Моите момци, Муханад и Мухамед, не направија ништо“, рекла таа, плачејќи. „Тие ја однесоа Риан од Ротердам да зборува со татко ѝ – мислеа дека тоа ќе биде добро... Виновни се што ја оставија сама со него, но не заслужуваат по 20 години. Толку е неправедно да се стават моите момци во затвор заради злосторството на нивниот татко. Ако умрам од срцев удар, ќе го обвинам холандскиот суд.“

Убиецот на слобода, синовите во затвор


Халед ал Наџар побегнал преку Германија во Сирија, која нема договор за екстрадиција со Холандија. Од таму, испраќал е-пошта до весници, тврдејќи дека сам го убил Риан и дека синовите не се вмешани, но ветувањето дека ќе се врати и ќе се соочи со правдата никогаш не го исполнил.

„Daily Mail“ утврдил дека Халед живее во близина на градот Иблид во Сирија и повторно се оженил. „Не ме интересира за него“, рекла Сумаја. „Тој повеќе не е мој сопруг.“

На прашањето што би направила ако нејзините преостанати ќерки одбијат да носат марама, Сумаја рече:

„Моите други ќерки се послушни. Не би се согласила со нив ако побараат да не носат повеќе марами.“