Нападот врз бугарската амбасада во Скопје беше извршен во 12:20 часот. Сторителот беше забележан од безбедносните камери – како намерно се приближи до влезната врата на амбасадата со тежок, остар предмет, удриa и заминува. Тоа беше армирано стакло, витрина на влезната врата. Таа е двојно застаклена, имаме пристојно ниво на безбедност. Успеал да го скрши само првото заштитно стакло и веројатно затоа не го продолжил нападот, бидејќи видел дека потоа има повеќе заштитни системи, објаснува бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков за бугарските медиуми откако вчера беше скрешено стаклото на амбасадата.
Бугарското Министерство за надворешни работи остро го осуди нападот, кој го дефинираше како неприфатливо посегнување по статусот на дипломатската мисија и грубо кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.
„Не сум сигурен дали нападот е резултат на најновата ескалација на говорот на омраза и манипулацијата со вистината, дипломатски кажано, на тема Бугарија, што се случува со децении. Оваа акција го проширува кругот на потенцијални сторители на вакви напади. Дали лицето се чувствувало охрабрено од овој говор во последните недели или пред него – во овој случај е неважно. Проблемот е што бројот на луѓе како него постојано се зголемува како резултат на овој намерно создаден наратив“, рече и бугарскиот дипломат.
Безнаказаният говор на омраза има последствия! Безнаказаните нападения срещу български сдружения имат последствия! Днес...
Posted by Посолство на България в Скопие/Embassy of Bulgaria in Skopje on Sunday, January 11, 2026
Според него, „ако говорот на омраза го проширува кругот на потенцијални сторители, тогаш оваа неказнивост за злосторства против бугарската заедница или злосторства против предмети и личности поврзани со Бугарија не дозволува создавање превенција, напротив“. „Тоа им покажува на потенцијалните сторители дека нема проблем со овој вид однесување и овој вид криминал. Ќе ве потсетам дека во последните години имавме напади врз Бугари, имавме пукања, имавме напад со секира. Сите овие или не беа ефикасно истражени, односно, не стигнавме до судница, или казните беа толку мали што практично го прават терминот превенција бесмислен, туку напротив – тие ги охрабруваат ваквите напади. И ова, секако, е загрижувачко. Не толку за вработените во нашата амбасада, кои целосно свесно го направија својот избор да дојдат и да работат за Бугарија тука, туку повеќе ме загрижуваат членовите на бугарската заедница, кои немаат заштита што ја уживаме ние“, рече и Жељазко Радуков.












