[ВИДЕО] Роби Вилијамс ја покажал пораката што му ја испратила неговата ќерка среде ноќ: „Многу сум загрижен...“

Кармин

12/01/2026

09:24

1.001

Големина на фонт

а а а

Роби Вилијамс откри на јавноста слатка порака што неговата ќерка Теди (13) му ја испратила во два часот наутро, во која јасно ставила до знаење што сака да прави во иднина.

Оваа ситуација е доказ дека „јаболкото не паѓа далеку од дрвото“, бидејќи Теди го изразила својот страв дека ќе биде „никој и ништо“ ако не успее како пејачка – односно ако не стане како нејзиниот татко, кој е еден од најпознатите пејачи на денешницата.

„Пишува – ‘Тато, што ако не станам пејачка? Тоа е мојот најголем страв, дека нема да станам пејачка’. Со најголеми големи букви. „Што ако не станам ништо?“, изјавил Роби во емисијата „Scott Mills’ BBC Radio 2 Breakfast Show“ и додал: „И реков: Душо, ти си непо бебе. Ќе бидеш добро“.

Иако се шегувал во емисијата и е безусловна поддршка на своите деца, пејачот признал дека е загрижен за тоа како Теди ќе се справи со притисокот од славата, бидејќи е чувствителна.

„Единственото нешто што ме загрижува е тоа што таа е неверојатно чувствителна. Јас сум болно, болно чувствителен. Во некои кругови, тоа би се сметало за пречувствителност. Таа е повеќе од мене. И се грижам што ќе ѝ кажат“, рекол тој искрено.


„За мене, беше или ова или редење полици во супермаркетот – па ова е тоа, секој ден. А за Теди, таа има опции“, ја објаснил ситуацијата и не пропуштил да спомене колку е благодарен за сè – за прекрасниот живот и за тоа што го прави она што го сака и во што може да биде креативен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk