[ВИДЕО] Фудбалер на ПСВ ја скрши раката додека постигнуваше гол, го очекува долга пауза

Дерби

11/01/2026

10:34

666

Големина на фонт

а а а

ПСВ Ајндховен вчера оствари убедлива победа над Ексцелзиор во домашното првенство, но загуби еден од своите најважни играчи на подолг рок.

Американскиот репрезентативец Рикардо Пепи го постигна вториот гол, со кој ПСВ поведе со 2:0, но во обидот да реализира падна незгодно и заработи скршеница на раката.

Пепи не ја ни зафати топката во вториот обид, а таа сепак заврши зад гол линијата, но незгодниот пад му донесе фрактура, која бара пауза од два-три месеци.

Американецот ќе биде опериран, потврдија од ПСВ, а за него рехабилитацијата е многу важна и поради фактот што е еден од најважните играчи на репрезентацијата која ќе биде кодомаќин на претстојното светско првенство.