Актерката Кејли Квоко сакала на доделување на „Critics Choice Awards“ во Санта Моника да потсети на познатото модно издание на Џенифер Анистон, кое ѕвездата на серијата „Пријатели“ го носела во 2002 година на доделувањето на Златниот глобус во Лос Анџелес.
Таа го рекреирала тој добро познат стајлинг, а ова се резултатите.
Како што напишала на Инстаграм, тоа модно издание на Џенифер Анистон ѝ е омилено, а тој стајлинг ѝ бил инспирација за сите детали – од косата и шминката, преку костимот, па сè до накитот. Квоко додала дека славната актерка секогаш ќе биде икона и му се заблагодарила на својот тим.
Имено на доделувањето на „Critics Choice Awards“ Кејли се појавила во оверсајз црно сако, кое било откопчано, а под него носела црн топ. Исто така актерката носела металик накит и елегантна пунџа, слична на деталите какви што Анистон ги избрала пред 22 години.
Многумина сметаат дека најслична на Анистон била токму по фризурата и начинот на шминкање. Џенифер носела поинаку скроено сако, иако и таа, како и ѕвездата на серијата „The Big Bang Theory“ го нагласила деколтето, односно не носела ништо под сакото, освен можеби долна облека.

Кејли сакала да изгледа лежерно-шик како Џенифер, но некои велат дека таквата „димензија“ на модата за неа е недостижна и дека прикажала сосема поинаков стил на црвениот килим, па дури и незграпно опуштен стајлинг.
Но покрај критики актерката добила и пофалби, во кои се истакнува дека Кејли изгледала одлично и на прекрасен начин му оддала омаж на својот идол. Во тие коментари се нагласува дека е многу слична со Џенифер, која на доделувањето на Златниот глобус во 2002 година била со Бред Пит. Потсетуваме, поранешниот пар се венчал во 2000 година, а се развел во 2005 година.

Квоко била во друштво на актерот Том Пелфри, со кого се свршила во 2024 година. Тој, како и Пит, носел костум, но во сосема поинаков манир. Актерката не открила дали нејзиниот партнер бил инспириран од стилот на познатиот колега.

„Џенифер Анистон и Бред Пит од Тему“, коментирале дел од корисниците на социјалните мрежи, но има и такви кои застанале во одбрана на актерите истакнувајќи дека двајцата се прекрасен пар.









