Јаник Синер и Лејла Хасановиќ ги поминале првите денови од 2026 година опкружени со снежна идила, но нивната врска е далеку од идилична – барем така коментираат корисниците на Инстаграм, каде се објавени заедничките фотографии. Најмногу се истакнува (не)расположението на манекенката со балканско потекло.
„Баш изгледа среќно“, „Да, среќна е како кога мајка ми ќе добие бронхитис“, „Вистинска искра на среќа“, „Изгледа дека не е заљубена во него“, пишувале луѓето на Инстаграм бидејќи очигледно очекувале Лејла да биде насмеана покрај својот партнер, кој и самиот делувал многу сериозно, далеку од празничното расположение.

Други се чудат зошто Јаник Синер скија во слободно време, бидејќи тоа е „ризичен спорт и може да се повреди“, додека трети напоменуваат дека постојат и фотографии на кои познатиот пар се смее – што е точно – но и дека Лејла делувала воздржано затоа што е „елегантна и одмерена“.
Сепак, погласни се коментарите дека покрај Синер таа „се трансформира“, па од инаку насмеана девојка станува намуртена.
Јаник Синер во ноември 2025 година првпат јавно позираше со Лејла Хасановиќ откако победи на ATP турнирот во Торино. Одредено време нивната врска ја криеше од јавноста.

Лејла Хасановиќ стана редовна гостинка во неговата тениска ложа, покрај семејството на славниот тенисер, што укажува дека врската не само што е неодамна објавена, туку и дека станува сериозна. Сепак, коментарите дека нивната врска е лажна не стивнуваат. И по триумфот во Торино кружеа такви приказни, сè поради таа „чудна“ прегратка. На многумина тогаш им делуваа дистанцирано, иако позираа еден до друг.
Синер и претходно бил мета на коментари дека ја крие вистината за својата сексуалност и дека всушност е геј. Во меѓувреме се пишуваше дека бил во врска со американскиот модел Брукс Најдер, која во исто време имала романса и со Карлос Алкараз.
Можно е тврдењата за тој љубовен триаголник да придонеле Јаник Синер јавно да каже дека неговата партнерка е Лејла Хасановиќ. На тоа, можеби, влијаеле и самите гласини дека е хомосексуалец.
Дали критичарите ситничарат или важи онаа старата – каде што има чад, има и оган? Дури и ако се во право, секој човек, па и Синер, има право на својата интимност. Критичарите, наводно, најмногу му замеруваат што не е искрен и што пласира лажна слика за својот живот. И сега повторно коментираат дека е „геј во тајност“ и дека со лажната врска со преубавата Босанка нема да ја измами јавноста – „кому мисли да му замачка очи“.

Италијанецот претходно беше во врска со руската тенисерка Ана Калинскаја, што до неодамна беше неговата единствена јавна романса. Таа заврши прилично неславно, а токму тој однос често се поврзува со сомнежите дека најдобриот тенисер во светот е геј, но ја крие таа вистина за себе.
Дека Јаник Синер не сака да ја открие вистинската слика за својата сексуалност и да признае дека е геј, навести и Ник Кирјос, кој инсинуираше дека Италијанецот е наклонет кон мажи.

Додека едни се согласија со Кирјос и рекоа дека девојките му служат како параван, други потсетија дека Калинскаја претходно била во врска токму со Ник, и тоа пред нејзината романса со Јаник, па затоа изјавите за тајна хомосексуалност ги сметаат за мотивирани од суета и љубомора.
Лејла Хасановиќ е поранешна девојка на Мик Шумахер, синот на Михаел Шумахер, а според некои – би можела да стане и италијанска снаа.









