Семејството на Стивен Ивановски, кој загина во пожарот во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, за време на дочекот на Нова година, бара донации за да ги покрие погребалните трошоци.
Шеснаесетгодишниот Стивен бил во барот со својата сестра.
„Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе малку на воздух, за среќа преживеа. Трагичен сплет на околности. Случајност. Страшната судбина на ова братство“, објави Македонското друштво Пианец во Швајцарија, на социјалните мрежи.
Почитувани,
Стивен Ивановски имаше само 16 години, го загуби животот во пожарот во Кран-Монтана, Швајцарија, каде беше...
Posted by Samanta Ivanovska on Wednesday, January 7, 2026
Друштвото соопшти дека трансакциските сметки се отворени за да се помогне на семејството да се справи со погребните трошоци, како и да се обезбеди финансиска поддршка во овој длабок период на жалост, кога болката се надоврзува на материјалните грижи.

Александра Ивановска (мајка на Стивен)
Жиро сметка за Македонија:
300057104118092 Комерцијална банка
Цел на дознака:
Донација за Стивен Ивановски
Шифра на плаќање: 562 – уплати за донации
За странство:
IBAN: MK07300307065362360
SWIFT: KOMSMK2X








