Винисиус продолжи и по дербито: Го „поздрави“ Симеоне и на социјалните мрежи

Дерби

09/01/2026

12:18

391

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор и Диего Симеоне режираа сцени кои се препознатливи за мадридското дерби во последните неколку години, а препирките и провокациите кои си ги разменија на теренот, добија и „трето полувреме“ на социјалните мрежи.

Бразилската ѕвезда на Реал Мадрид успеа да го извади Чоло од колосек и го испровоцира со своите реакции и зборови во првото полувреме, по што Аргентинецот во неколку наврати беше уловен како му возвраќа на доста дрзок начин.

– Флорентино ќе те шутне, Флорентино ќе те шутне, запамти што сум ти кажал……, – му велеше Симеоне, а епизодата од првото полувреме, ескалираше во 80-та минута.

Во моментите кога Вини излегуваше од игра, Чоло се фати за уво и му порачуваше на Бразилецот да слушне какви свирежи добива од фановите (алудирајќи дека никој не го сака), а овој момент предизвика и мала мешаница крај аут линијата, од која дел беше и Чаби Алонсо.

Тренерот на Реал не остана импресиониран од однесувањето на колегата и имаше јасна забелешка за него од прес-центарот, но Винисиус се огласи и на социјалните мрежи, каде реши да ликува по победата од 2:1.

– Симеоне загуби уште еден елиминациски натпревар……, – порача Вини.