Неверојатната приказна на британскиот колекционер Ник Мид од 2017 година повторно стана актуелна на социјалните мрежи и го привлече вниманието на јавноста.
Тој тогаш, сосема непланирано, се најде во средиштето на настани кои го вовлекоа во низа необични околности – од нејасната и заплеткана историја на едно воено возило, до одлука донесена во клучен момент која, како што самиот признава, трајно му го обележала животот.
Купување преку интернет
Сè започнало кога Мид, сопственик на импресивна колекција воени возила, купил половен руски тенк „T-54“ на платформата „eBay“ за 30.000 фунти.
Оклопното возило, произведено во 1980-тите години, до моментот на продажбата имало поминато 2.400 километри. Претходниот сопственик ги заменил гасениците и моќниот мотор, но за време на тие работи не забележал ништо необично.
Мид, меѓутоа, по деталниот преглед на возилото наишол на скриена преграда во резервоарот. Ова откритие брзо го привлече вниманието на јавноста и на властите, бидејќи се покажало дека внатре се наоѓал исклучително вреден товар, внимателно скриен и со години заборавен.
When Nick Mead purchased an ex-military tank on eBay, he probably thought he was getting a decent deal. Little did he know, there were five gold bars worth $2.4 million hidden in the fuel tank.
— niloc1406195 Colin President Elect 😜😜😂😂 (@niloc14061952) July 27, 2022
Mead is a tank collector from the United Kingdom, https://t.co/usoAbGXqKB pic.twitter.com/nBrulEBX2m
Постапил како примерен граѓанин
Имено, во скриената преграда имало златни полуги, чија вредност денес би надминала три милиони евра.
Потеклото на тенкот никогаш не било целосно разјаснето. Според една од теориите, ирачките трупи за време на инвазијата на Кувајт во 1990 година ограбиле вреден товар и го скриле во оклопното возило.
Подоцна, тенкот бил запленет и пренесен во Велика Британија, каде на крајот завршил во приватни раце.
По откритието, Мид, како што вели, постапил како примерен граѓанин и ги предал вредностите на надлежните институции. Двајца полицајци ги презеле златните полуги, а Мид добил потврда за предавањето.
„Тоа беше грешка …“
Сепак, со текот на годините, британскиот колекционер сè поотворено зборува за разочарувањето од својата одлука, пренесува „Daily Star“.
„Жал ми е што го предадов златото, тоа беше грешка. Требаше барем да добијам надомест како пронаоѓач, а не добив апсолутно ништо. Во тоа време постоеја теории дека ние сме ги задржале полугите. За жал, не е така“, изјави Мид.
Тој тврди дека не знае што се случило со златото и верува дека надлежните органи се обиделе да ги пронајдат вистинските сопственици. Со доза на горчина, Мид се навраќа на сопствената одлука.
„Некогаш бев месар. Да знаев дека нема да добијам ништо, ќе земев нож, ќе отсечев парче и ќе го продадев“, вели тој.













