[ФОТО] Вилата на Ѓоковиќ во Србија се изнајмува за 15.000 евра по ноќ – погледнете како изгледа секој агол од ова раскошно здание

Точка

05/01/2026

17:30

1.621

Големина на фонт

а а а

Луксузната куќа на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, сместена на Павловачкото езеро во близина на Рума, се појави во понудата за изнајмување на популарната Инстаграм страница „Luxury Listings“.

Во објавата се наведува дека е можно да се престојува во резиденцијата на славниот српски тенисер, но по навистина висока цена. Имено, една ноќ во оваа ексклузивна недвижност чини дури 15.000 евра.


„На гостите им се нуди врвен луксуз, целосна приватност и поглед кој делува исклучително смирувачки. Ова не е само одмор, туку можност да живеете како еден од најголемите спортисти во историјата, на место кое тој го нарекува дом“, се наведува во описот на огласот.

Куќата во моментов не е населена и располага со пространа дневна соба и модерно опремена кујна. Во рамки на објектот има внатрешен и надворешен базен, како и приватен тениски терен, што оваа вила ја прави вистински рај за љубителите на луксузот и спортот.

За оние со подлабок џеб и желба да го искусат животот на светската спортска елита, понудата е отворена.