Роботи наместо војници: Кина тестира „волци“ за можен напад врз Тајван

Точка

05/01/2026

13:31

1.317

Големина на фонт

а а а

Народноослободителната војска на Кина („PLA“) веќе извесно време развива нови воени тактики кои вклучуваат „роботски волци“.

Овие четириножни роботи се дизајнирани да дејствуваат како прва линија во напади предводени од дронови, отстранувајќи пречки и помагајќи во операции на копно и во вода.

Целта на „PLA“ е премин од тактиката на „човечки бранови“ кон „интелигентна поморска тактика“, со користење напредна технологија за да се намалат човечките жртви и да се имитира „рој дронови“.


На уште едни воени вежби, одржани кон крајот на декември, кои според медиумите се клучни во контекст на можен напад врз Тајван, кинеската војска ги тестираше овие роботи на симулирани мински полиња. Во такви случаи, војниците се движат зад роботите, за да знаат дека теренот е безбеден за нив.


Аналитичарите истакнуваат дека роботите сè уште се снаоѓаат во борбена средина. Но, овие самонасочувачки системи би можеле да ја преплават одбраната на Тајван и да отворат сериозни прашања за правилата на војување, бидејќи робот не може да сноси одговорност.


Министерството за национална одбрана на Тајван одговара со обука на војниците за противдронска борба и со активно набавување нови оружени системи за соборување дронови.