Положи заклетва: Мамдани официјално е новиот градоначалник на Њујорк

Макфакс

01/01/2026

13:54

222

Големина на фонт

а а а

Зохран Мамдани стана градоначалник на Њујорк веднаш по полноќ, положувајќи ја заклетвата во напуштена станица на метрото во Менхетен.

Демократот, кој на 34-годишна возраст станува најмладиот градоначалник на градот со генерации, ја презема функцијата како една од политичките личности кон кои беа вперени очите на многумина во Соединетите Американски Држави, пишува „France24“.

Мамдани положи заклетва како прв муслимански лидер на најголемиот град во Америка, држејќи ја раката на Куранот додека ја рецитираше заклетвата, пренесува медиумот.

„Ова е навистина чест и привилегија за цел живот“, рече Мамдани во краток говор.

Церемонијата ја водеше обвинителката на Њујорк, Летиција Џејмс, негов политички сојузник, во старата станица на Градското собрание, една од првите станици на метрото во градот, позната по импресивните тавански лакови.

Во својот прв говор како градоначалник, Мамдани рече дека старата метро станица е „сведоштво за важноста на јавниот превоз за виталноста, здравјето и наследството на нашиот град“, додека во исто време го објави назначувањето на новиот комесар на Градскиот оддел за транспорт, Мајк Флајн.