Заокружуваме уште една година: Најчитаните содржини на Точка, Супермен и Кармин за изминатите 365 дена

Точка

31/12/2025

17:49

714

Големина на фонт

а а а

Драги наши читатели, соработници, пријатели зад нас е уште една динамична година исполнета со настани што нè потсетија колку брзо се менува светот – и колку е важно информациите да стигнат навреме, но и да бидат проверени и јасни.

Како и сите претходни години, така и во оваа 2025, тимот на Точка секојдневно напорно работеше за да ви ги „сервира“ најважните вести и теми што го обликуваа нашето секојдневие, а вашата доверба и внимание беа најсилната потврда дека сме на вистинскиот пат.

Оваа година, за жал, ја одбележа и трагичен настан што длабоко ја потресе целата наша јавност – пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој остави неизбришлива тага во срцата на сите нас.

Во изминативе 365 дена обработивме светски, регионални и домашни случувања, интервјуа, едукативни и забавни содржини, корисни совети и теми што поттикнуваат дискусија.


Затоа денеска во последниот ден од 2025 година како симболично заокружување на годината, Ви ги претставуваме 99-те најчитани содржини на ТОЧКА – изборот што го направивте вие, со секој клик, секое споделување и секое враќање на содржините што најмногу ве интересираа.

Покрај Точка, не ги забораваме ниту топ 99-те содржини на КАРМИН и СУПЕРМЕН – содржини со кои тимот на Точка исто така се трудеше да ви понуди инспирација, практични идеи и теми што се читаат „во еден здив“.

Драги наши, тимот на Точка Ви ја честита Новата година и Ви посакува истата да ви донесе пред сè добро здравје Вам и на вашите најсакани, многу причини за радост и многу среќни и незаборавни моменти, а ние ќе продолжиме да работиме напорно и посветено за да ја оправдаме вашата лојалност и во годините што доаѓаат.

Среќна Нова година и среќни празници од тимот на ТОЧКА!