Мекици се спремаат: Првото бебе во 2026 година e женско!

Точка

01/01/2026

01:46

421

Големина на фонт

а а а

Точно на полноќ, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, се роди првото бебе во новата година.

– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.

00.00

НА ГАК СЕ РОДИ ПРИНЦЕЗА!!!! <3

Posted by ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје on Wednesday, December 31, 2025

Раѓањето на женско дете како прво новороденче во годината има специфична тежина во народната традиција на Балканот. Се верува дека кога годината ќе започне со раѓање на женско дете, таа ќе биде мирна, плодна и бериќетна, за разлика од машките деца кои традиционално се поврзуваат со сила, но и со потурбулентни времиња.