Уапсени романски државјани, фатени во кражба во златарница во Скопје

Макфакс

31/12/2025

10:03

267

Големина на фонт

а а а

Вчера во 12:10 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода В.Л.П.(19) И Ф.И.П.(19), двајцата од Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница во трговскиот центар.

Имено, претходно, тие влегле во златарницата и побарале да разгледаат златен накит, а откако била извадена футрола со употреба на сила ја земале од вработената и побегнале.

Набргу, по преземени мерки, на излез од трговскиот центар се фатени и лишени од слобода и кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит.

Одземеното е вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.