Пјаниќ: Повеќе не сум фудбалер, сега има друг приоритет

Дерби

30/12/2025

12:43

310

Големина на фонт

а а а

Миралем Пјаниќ мирно и речиси нечујно замина во фудбалска пензија, а откако се појавија вакви информации во месец ноември, сега самиот Босанец ги потврди истите во опширното интервју за „Тутоспорт“.

Во разговорот со весникот од Торино, Пјаниќ посочи дека не пронашол нов мотив за предизвик во кариерата по етапата која ја имаше во ЦСКА Москва, па веќе некое време се смета себеси за фудбалски пензионер.

Пјаниќ фудбалски се етаблираше во топ 5 лигите во Европа како член на Лион, оттаму направи трансфер во Рома каде прерасна во голема ѕвезда, а потоа играше и за Јувентус и за Барселона.

Босанецот става крај на фудбалското патување на 35-годишна возраст, а како што вели самиот, сега има уште поважен приоритет, одгледувањето на својот син.

– Нема повеќе да играм фудбал, јас ја завршив кариерата. Живеам во Дубаи и повеќе не сум фудбалер. Сега сум само татко на мојот мал син, тој е мојот приоритет број еден, – изјави Пјаниќ.