Фердинанд гледа поинакви квалитети кај Шешко: Јунајтед одамна немал таков напаѓач

Дерби

30/12/2025

12:09

181

Големина на фонт

а а а

Луис Саха не се задржа премногу долго на „Олд Трафорд“, но поради сувиот фудбалски квалитет и потенцијалот кој го поседуваше, тој остана легенда во очите на голем број соиграчи, меѓу кои и Рио Фердинанд.

Славниот стопер во безброј наврати има потенцирано дека Саха бил убедливо најдобар играч на тренинзите и дека сите уживале што го имале крај себе во тимот, а Фердинанд во актуелниот тим на Јунајтед гледа играч кој може да ги следи неговите чекори, без оглед на тоа што добива доста критики од стартот на сезоната.

Бенјамин Шешко постигна само два гола по милионскиот трансфер кој го направи и тоа е премалку за еден напаѓач, но Фердинанд смета дека Словенецот нуди други важни атрибути кои не се толку забележливи од експертите и аналитичарите.

– Шешко нуди доста повеќе од голови. Да, на напаѓачите им се суди според бројот на постигнати голови, но интерно понекогаш имате големи мислења за напаѓачи кои прават добри работи за тимот.

– Таков пример за напаѓач во мојот Јунајтед беше Луис Саха. Тој никогаш не беше најдобар голгетер во Премиер лигата и за Јунајтед, но кога е во прашање вредноста која ја имаше за тимот, тој беше вистинска шега. Тој со својата енергија и со своето залагање правеше тимот да игра подобро. Тој беше играчот кој ја задржуваше топката во своите нозе по три или четири секунди и кои ни даваше можност да здивнеме во тешки моменти од мечот.

– Заборавете на головите, гледајте ја комплетната слика. Понекогаш кога го гледав Саха бев воодушевен и си велев дека треба да сме среќни што е во нашиот тим. Мислам дека истото важи и за Шешко. Секако дека сакаме да постигнува голови, но гледам елементи кои ме потсетуваат на Саха, гледам моменти кои им се допаѓаат на останатите играчи на Јунајтед. Едноставните работи знаат да бидат многу ефективни, Јунајтед одамна немал напаѓач кој може да ја задржи топката и тоа го гледам кај Шешко, – вели Фердинанд.