ПСЖ ја одбележа натпреварувачката 2025-та година со шест освоенио трофеи кои донесоа фудбалска историја, бидјеќи францускиот великан стана само третиот клуб кој достигнал ваков успех после Барселона (во два наврати) и Баерн Минхен.
Луис Енрике создаде фудбалска машинерија од ПСЖ и го одведе до врвот во Франција и Европа, а еден од клучните играчи во неговиот тим дефинитивно е Витиња.
Португалецот е „мозокот“ во играта на „светците“ и сосема заслужено беше избран за најдобар играч за врска за време на „Глоуб Сокер“ наградите кои се доделуваа во Дубаи, повод кој беше добра причина за „Марка“ да направи ексклузивно интервју со португалскиот репрезентативец.
Витиња прераснува во најдобар светски играч за врска заедно со Педри, но кога се во прашање неговите идоли, Португалецот не се навраќа многу далеку и посочи две имиња кои ги гледаа и новите фудбалски генерации.
– Играчот кој најмногу ме импресионираше беше Иниеста. Андрес секогаш беше играчот кој служеше за мој пример. После него, омилен ми беше Лука Модриќ. Тие двајца беа моја најголема инспирација, – открива Витиња.







