[ВИДЕО] Гвинет Палтроу откри зошто одбила да сними експлицитна секс-сцена со Итан Хок: „Се плашев татко ми...“

Точка

29/12/2025

19:39

465

Големина на фонт

а а а

Филмот „Големи очекувања“ (Great Expectations), снимен според романот на Чарлс Дикенс, и по речиси три децении повторно се најде во фокусот на јавноста. Главните ѕвезди на остварувањето, Гвинет Палтроу и Итан Хок, во неодамнешно интервју за списанието „Венити фер“ се присетија на снимањето и открија досега непознати детали од продукцијата.

Во текот на разговорот, Хок ја потсети својата колешка на идеја на режисерот Алфонсо Куарон, кој ѝ предложил експлицитна љубовна сцена. Палтроу без двоумење признала дека ја одбила.

„Се сеќавам дека помислив дека татко ми ќе добие срцев удар ако го види тоа“, раскажа актерката, објаснувајќи дека тогаш била на самиот почеток од кариерата и се чувствувала несигурно. Посебно ја загрижувала помислата дека нејзиното семејство ќе гледа ваква сцена.

Хок, со доза хумор, го опиша начинот на кој режисерот ја замислувал сцената, но истакна дека Палтроу била цврста во својата одлука и јасно ставила до знаење дека нема да учествува во такво снимање.

„Алфонсо, ова никогаш нема да го направам“, била нејзината реакција, како што се присети актерот.

Денес, Палтроу признава дека веројатно не би имала ист став.

„Можеби тогаш бев премногу чедна, но навистина бев многу загрижена“, искрено изјави таа, додавајќи дека со текот на годините нејзиниот однос кон ваквите сцени значително се променил.

Покрај Палтроу и Хок, во филмот настапија и Хенк Азарија, Крис Купер, Ен Бенкрофт и Роберт де Ниро. Иако доби поделени критики, филмот оствари солиден комерцијален успех, со заработка од околу 55 милиони долари, наспроти буџет од 25 милиони долари.

Освен спомените од снимањето, Палтроу и Хок се допреа и до своите кариери и до фактот дека, и покрај Холивуд, успеале да останат верни на себе. „Бевме двајца исклучително идеалистички млади луѓе кои имаа јасна визија што сакаат да прават и како сакаат да придонесат“, рече Хок.

Потоа ѝ упати комплимент: „Никогаш не си била обична. Секогаш си била своја.“


Палтроу се согласи и додаде дека, и покрај сите подеми и падови, останале верни на себе и на тоа што се. Нивната опуштена хемија ја покажа и кратката шега околу „Taco Bell“, за кој Хок призна дека го сака. „Тоа е болест“, дофрлила Палтроу, а Хок заклучил: „Неверојатно е колку не сме се промениле… и горд сум на тоа.“

Двајцата сè уште се активни во филмот. Палтроу неодамна се врати на големото платно по повеќегодишна пауза во филмот „Marty Supreme“, каде што ја толкува пензионираната актерка Кеј Стоун, љубовниот интерес на ликот што го толкува Тимоти Шаламе. Филмот во кината пристигна за Божиќ.

„Реков ‘да’, а потоа помислив: ‘О, пеколно, дали воопшто се сеќавам како се прави ова?’ Поминаа седум години“, призна за „The Hollywood Reporter“. Вели дека дури на снимањето почувствувала возбуда која ѝ недостигала.

Филмот веќе доби пофалби од критиката и номинација за Златен глобус за најдобар филм.

Хок, од друга страна, беше забележан во биографскиот филм „Blue Moon“, објавен во октомври, во кој го игра Лоренца Харта, заедно со Маргарет Квали, Андрев Скoт и Боби Канавале.