Џенифер Лопез со божиќна фотографија го „сруши“ интернетот: Луѓето ја исмеваат поради еден чуден детаљ

Точка

26/12/2025

15:01

1.071

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез им го честиташе Божиќ на своите обожаватели, но нејзината празнична објава предизвика вистинска бура на интернет и тоа поради сосема неочекуван детаљ. Додека 56-годишната ѕвезда позираше со огромен дијамантски прстен, вниманието го привлече нешто друго, нејзиниот ајфон, кој изгледаше како чудно да е свиткан во нејзината рака.

Во објавата што ја сподели на социјалните мрежи, Џеј Ло напиша: „Среќен Божиќ на сите!“, а фотографијата за кратко време собра 1,6 милиони прегледи на платформата Икс. Додека дел од фановите го пофалија нејзиниот беспрекорен изглед, особено имајќи предвид дека поминува низ турбулентен период по раскинувањето со Бен Афлек – други ја искористија приликата за потсмев.

Внимателните корисници забележаа дека ајфонот што го држи во рака изгледа невообичаено закривен во долниот дел. „Како да се откажал од тоа да биде правоаголник“, коментираа многумина, а социјалните мрежи беа преплавени со прашања дали пејачката претерала со уредување на фотографијата или, пак, проблемот е во самиот уред.

„Кога ќе направиш толку многу селфиња што ајфонот ќе ти изгледа како банана“, напиша еден корисник, додека друг се пошегува: „Твојот телефон го искривува просторот и времето – во ред, кралице.“

Некои беа и подиректни: „Зошто телефонот е закривен?“ и „Зошто ѝ се витка телефонот?“. Се појавија и совети упатени до пејачката. „Те сакам, девојко, но мораш да провериш дали има изобличувања на фотографиите што ги објавуваш, особено ако ги уредуваш“, напиша една обожавателка, алудирајќи на можна употреба на филтри.

Други, пак, ја искористија ситуацијата за шега на сметка на технолошкиот гигант. „Доказ дека новиот ајфон 17 про (iPhone 17 Pro) се витка“.

Така, божиќната честитка на Џенифер Лопез, наместо да шири празнична атмосфера, неочекувано се претвори во масовна интернет-шега на социјалните мрежи.