Аморим му испрати јасна порака на Мејну во пресрет на јануарскиот преоден рок

Дерби

26/12/2025

13:55

324

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед и Њукасл се единствените два тима кои ќе играат фудбал за време на „Боксинг деј“, а далеку поголеми проблеми имаат домаќините, односно менаџерот Рубен Аморим кој не може да смета дури на седум првотимци.

Покрај Мазрауи, Мбеумо и Диало кои се на Африканскиот Куп на нации, поради повреди не му стојат на располагање на Аморим и Фернандеш, Мегваер, Де Лихт и Мејну, а овој последниот беше предмет на разговор и поради една тематика која се провлекува подолго време.

Коби е незадоволен од својата минутажа во Јунајтед и очајно посакува да замине во тим во кој ќе биде стандареден стартер, но какошто стојат работите, Аморим е подготвен да му блокира трансфер и втор преоден рок во низа.

Откако не му дозволи да си замине на крајот на летниот преоден рок, Рубен сега му порачува на младиот играч за врска да ја чека својата шанса која сигурно ќе дојде.

– Коби нема да игра против Њукасл, но брзо ќе се врати во тимот, тој ќе се врати побрзо од Бруно. Мејну е иднината на Манчестер Јунајтед, навистина имам такво чувство за него. Мора само да почека за својата шанса, бидејќи во фудбалот работите можат да се сменат во два дена.

– Ако не добиеме нов играч на таа позиција, тешко дека тој ќе си оди. Дури и со полн состав, имаме потешкотии и сме малку кратки на тие позици. Ако можеме да доведеме некој, во ред, ако не, ќе чуваме пари за летоска, – изјави Аморим.