[ВИДЕО] Напад за време на вечерна молитва во Нигерија, има мртви и повредени

Макфакс

24/12/2025

22:08

161

Големина на фонт

а а а

Во напад за кој се сомнева дека е извршен од бомбаш самоубиец врз џамија во нигериската држава Борно, се стравува дека има повеќе мртви и повредени. Силна експлозија одекнала за време на вечерната молитва во Мајдугури, главниот град на таа федерална држава, пишува Би-Би-Си.

Очевидци велат дека експлозијата се случила додека џамијата била полна со верници. Според првите неофицијални извештаи, најмалку седум лица загинале, но властите сè уште не издале официјална потврда за бројот на жртви.

Досега, ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот. Сепак, познато е дека милитантите во таа област претходно извршиле самоубиствени напади и напади со импровизирани експлозивни направи, а нивни цели честопати биле токму џамии и други места со голем број луѓе.

На социјалните мрежи се појавија непотврдени снимки на кои наводно се гледаат последиците од експлозијата. Тие прикажуваат луѓе собрани на пазарот додека воздухот е исполнет со честички прашина.