Дошол на вечера со една, а дома си заминал со друга девојка: 8 дена не „излегле“ од кревет, послугата им носела храна - ова е најстрасната љубов во светот на славните

Точка

23/12/2025

18:11

922

Големина на фонт

а а а

Популарниот актер Дон Џонсон, кој денес го слави својот 76-ти роденден, своевремено важеше за еден од најпосакуваните мажи во Холивуд, а зад себе имаше бројни љубовни приказни.

Најпозната е онаа со Мелани Грифит, со која беше во брак двапати, а се ожени уште со три жени.

Една од оние што најмногу ја сакаше, меѓутоа, е токму онаа со која никогаш не стигна до матичарот — легендарната Пети Д’Арбанвил.

Дон Џонсон со американската актерка и модел беше четири години во вонбрачна врска, а во тој период го добија синот Џеси, денес познат актер.


Долго време нивната љубов беше една од холивудските мистерии околу кои кружеа урбани легенди, а во една пригода Дон Џонсон за „People“ сподели дел од приказната за него и Пети и потврди дека таа навистина била возбудлива колку што се претпоставуваше.

Искрата веднаш пламнала

Пети е позната по појавувањата во различни проекти на славниот Енди Ворхол, па поминувала многу време во неговото студио, легендарното „Factory“, каде што често навраќале големи ѕвезди. Меѓу нив е и Дон Џонсон.

„Мајката на мојот прв син ја запознав затоа што снимав филм во Њујорк и отидов во „Factory“ на Енди Ворхол“, раскажува актерот. „Влегов внатре, а таа стоеше на маса, потполно гола, мајката на мојот син. Мислам дека тогаш првпат се фотографираше за насловната страница на списанието „Interview“. Беше едноставно прекрасна и восхитувачка“, признал Џонсон.


Хемијата меѓу нив била неспорна, но тогаш ништо не се случило. Официјално станаа пар дури во 1981 година, откако Пети и Дон случајно се сретнале во ресторан во Лос Анџелес.

Тој, како што раскажа во едно интервју во осумдесеттите, во ресторанот дошол со својата тогашна девојка Тања Такер, голема ѕвезда на кантри-музиката, но дома си заминал со Пети Д’Арбанвил. И не само тоа…

„Таа ноќ се всели кај мене“, изјави актерот за „People“. „Останавме во кревет околу осум дена. Послугата постојано нѝ носеше храна и вода“.

Откако Пети забременила, тие одлучиле да не се венчаат бидејќи Џонсон тогаш „не можел да се обврзе“, а ниту Пети „не била подготвена за тоа“. Наскоро пристигнал Џеси, кој ја заокружи нивната среќа.

Токму оваа љубов е заслужна за тоа што Дон Џонсон ги победи своите пороци.


„Едно утро влегов во трпезаријата. Сонцето светеше, птиците пееја, а Пети го хранеше бебето. Влегов тетеравејќи се, седнав и ги погледнав, а таа ме погледна мене и знаев – ако ништо не преземам, ќе си замине. Затоа реков: Пети, јас сум алкохоличар и наркоман и ќе направам нешто во врска со тоа“.

Актерот ги надмина зависностите и се врати во форма, а потоа стекна светска слава благодарение на улогата на Сони Крокет во серијата „Miami Vice“, која се прикажуваше од 1985 до 1990 година.

Не им било судено

Пети и Дон останаа заедно до 1986 година, кога засекогаш се разделија.


Таа потоа се омажи за Тери Квин, пожарникар од Њујорк, со кого доби три деца. Продолжи повремено да се занимава со глума, а последната улога ја оствари во серијата „Billions“, каде што ја толкуваше мајката на Боби Акселрод.

Дон Џонсон, по раскинувањето со Пети, неколку години подоцна повторно се ожени со Мелани Грифит, со која ја доби ќерката Дакота и беше во брак седум години, а потоа, во 1999 година и со Кели Флегер, со која доби три деца.