Руни ги предупреди Арсенал и Сити: Никогаш не можете да ги исклучите…

Дерби

23/12/2025

11:51

219

Големина на фонт

а а а

Зад нас е уште една рунда во англиската Премиер лига, коло во кое нови победи забележа водечката тројка Арсенал, Манчестер Сити и Астон Вила.

„Топчиите“ имаа предност од два и три бода во однос на најбиските ривали на точно две кола до средина на натпреварувачката 2025/2026. Има уште многу да се игра и ќе биде интересно да се види кој ќе го добие овој фудбалски маратон на островот со тоа што многумина експерти аналитичари ја отпишуваат Астон Вила и посочуваат дека главната битка ќе се води меѓу Арсенал и Сити.

Интерес став, коментар имаше Вејн Руни кој во целата приказна за пехарот го додаде и Ливерпул, состав кој во моментов е на петтата позиција на табелата.

- Изгледа дека Арсенал и Манчестер Сити ќе бидат двата тима што сега ќе се одвојат на врвот на Премиер лигата. И Ливерпул, исто така, ако влезат во форма и победат на неколку натпревари, никогаш не ги исклучувате. Ако добијат поддршка, ќе имаат што да кажат.

- Не би ги исклучил. Но, Арсенал и Сити се двата тима за кои мислам дека ќе се одвојат. Астон Вила се покажа фантастично, но мислам дека ќе биде еден од првите два, - порача Вејн на подкастот на „Би-Би-Си“.