Руни импресиониран од еден играч на Арсенал: Тој е идниот капитен на Англија!

Дерби

22/12/2025

13:23

256

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни редовно дава свои видувања за случувањата во Премиер лигата преку поткастот на „Би-Би-Си“, а оваа специјална улога му налага да прави анализи за сите натпревари, а не само за оние кои ги игра Манчестер Јунајтед.

Најдобриот голгетер во историјата на Јунајтед нема многу причина за радост кога е тимот на Рубен Аморим во прашање, но како искрен фан на англискиот фудбал, призна дека е вџашен од квалитетот кој го нуди Деклан Рајс веќе подолго време.

Многумина му се потсмеваа на Арсенал кога плати повеќе од 100 милиони евра за играчот за врска, но како што одминува времето, станува се појано дека Вест Хем имаше вистинска класа во својот тим.

– Морам да кажам дека Деклан Рајс е неверојатен, беше уживање да се гледа во живо неговото издание, – порача Руни, алудирајќи на неговата претстава против Евертон.

– Според мене, тој мора да биде идниот капитен на Англија, очигледно е дека само го чека моментот кога Хари Кејн ќе се повлече во одреден момент. Тој може да прави сè на теренот, а тоа го видовме во победата над Евертон. Одлуките кои ги носи, точните додавања, притисокот и играта во двата правци……

– Уживање е да се гледа како игра, навистина е неверојатно да го гледате во живо. Тој ја бараше топката од своите стопери, диктираше игра, знаеше да покрие како трет стопер, а потоа го гледавте во нападот како се обидува да постигне гол. Поради сè она што го прави на теренот, повремено сметам дека е и доста потценет од јавноста, – нагласи Руни.