Флик за критичната точка во тимот на Барса: Ќе разговарам со Деко

Дерби

22/12/2025

12:57

231

Големина на фонт

а а а

Барселона ја заврши 2025-та година со нова победа и замина на двонеделна пауза во добро расположение, а овој период ќе дојде навистина добро за каталонците во ситуација кога Ханси Флик остана без многу избор во одбраната.

Пред дербито со Вилјареал, германскиот стручњак остана без Педри кој има полесна повреда, но навистина лоша вест беше тешката повреда на Кристенсен која уште толку ја крати скромната ротација на Флик во одбраната.

Тешката повреда на Кристенсен и неизвесноста која надвиснува над Роналд Араухо беа продлабочени со уште еден проблем, бидејќи на повреда се пожали и Жил Кунде во завршната фаза од мечот со Вилјареал.

Сето ова прави Барселона да има потреба од барем еден нов дефанзивец, а Ханси Флик призна дека ќе зборува со Деко на оваа тема во текот на денешниот ден.

– Мојот тим е малку изморен и оваа пауза ќе ни дојде навистина добро. Во дефанзивната линија немаме многу опции и не беше лесно да се менаџира. Среќен сум што играчите дадоа се од себе, Вилјареал е тежок ривал, но најважни се трите бода. Се гледа дека играчите се изморени, оваа пауза е добредојдена за нас.

– Засилувања? Ќе зборувам со Деко утре (денес понеделник). Најважно од се е Кристенсен да се опорави и да се врати во добро расположение. Мораме да го поддржиме, беше во добар момент и навистина е тажно што повторно ќе биде подолго време во аут, – изјави Флик, кој ја прокоментира и измената на Кунде.

– Мислам дека со Кунде се е во ред. Последните три-четири дена беше болен, но ми кажа дека ќе даде се од себе за тимот. Почувствува грчеви, не изгледа ништо страшно. Очекуваме дека нема да има повреда, – заврши Германецот.