Големите лежерни чанти се практичен и „кул“ моден додаток кој судејќи по сè, ќе доминира и во 2026 година.
Трендот на предимензионирани чанти го популаризирала Бела Хадид минатата есен, кога се прошетала со сега веќе култната чанта „Coach Brooklyn“, а набргу го прифатиле и ѕвезди како Дакота Џонсон и Мајли Сајрус.

Најновата потврда дека овој ненаметлив шик стил останува апсолутен хит дојде од Кејт Хадсон.
Имено Кејт неодамна била фотографирана во Њујорк во екстравагантен крзнен капут што потсетува на стилот на Круела де Вил. Иако капутот бил исклучително впечатлив, актерката вешто го направила понослив токму со помош на голема широка „вреќеста“ чанта од превртена кожа.

Лежерноста на чантата ѝ дала на целата комбинација доза на секојдневна опуштеност, што е главната привлечност на овој тренд.

Без разлика дали станува збор за деловна комбинација, едноставни фармерки и маица или најгламурозниот зимски капут, оваа чанта му дава на секој изглед доза на лежерна елеганција – а воедно е доволно пространа за сите ваши потреби.

Трендот на големи чанти не стивнува и тие стануваат сè попопуларни, особено оние изработени од превртена кожа, а можете да ги најдете во сите можни брендови, или во продавниците или на онлајн платформите. Всушност овие чанти никогаш всушност и не биле целосно игнорирани, бидејќи секогаш има дами за кои секојдневното одење на работа е незамисливо без поголема торба во која можат да спакуваат сè.