Поедноставните автомобили, особено постарите модели и одредени јапонски и европски возила, често се покажуваат како посигурни и подолговечни од современите, технолошки сложени автомобили.
Валериј Антуфјев, раководител на одделот за проценка на возила во „Alfa Leasing Group“, состави листа на најсигурни автомобили, на која доминираат јапонските модели, но меѓу нив има и изненадувања од Европа, познати по едноставната конструкција и долгата издржливост.
Од вкупно девет автомобили на листата, шест доаѓаат од јапонски производители.

„Toyota“ се издвојува со моделите „RAV4“ и „Land Cruiser Prado“ со мотор „3zr-fae“, додека на листата се и „Honda“, „CR-V“ и „Accord“ со агрегат „r20a“, како и „Mitsubishi“, „Lancer“ и „Outlander“ кои ги придвижува моторот „4b11“.
Благодарение на нивната сигурност, овие автомобили се познати по долгиот работен век, а бројни сопственици наведуваат дека без поголеми дефекти поминуваат и повеќе од 400.000 километри.

На листата и европски модели
Меѓу европските претставници се и „Renault“ и „Dacia“ со модели како "Megan", "Logan" и "Sandero", кои користат мотор „k4m 16v“. Станува збор за агрегат со зафатнина од 1,6 литри, познат по едноставната конструкција и поволните трошоци за одржување.
Експертите советуваат запчестиот ремен да се менува на секои 60.000 километри за да се обезбеди сигурна работа на возилото на подолг рок.

“Ако правилно се одржуваат, можат да поминат и повеќе од 400.000 километри без сериозни дефекти“, истакна Антуфјев.
Сè повеќе се покажува дека модерните автомобили, поради големата количина технологија, имаат пократок век на траење, додека постарите возила со поедноставна механика нудат поголема сигурност и полесно одржување.










