Познатиот рапер осуден на 9 месеци затвор во Романија поради пушење џоинт на сцена

Точка

19/12/2025

11:43

360

Големина на фонт

а а а

Романски суд го осудил американскиот рапер Виз Калифа на девет месеци затвор поради консумирање канабис на сцена.

Американскиот рапер, чие вистинско име е Томас Камерон Џибрил, признал дека пушел џоинт за време на својот настап на фестивалот „Beach, Please!“ минатата година во Костинешти.

Апелациониот суд во Романија ја поништил претходната казна од 829 долари за поседување дрога и пресудил дека раперот мора да отслужи затворска казна.


Меѓутоа, тој бил осуден во отсуство. Порано оваа недела, тој бил виден на сцената за време на настапот во Калифорнија, а во четврток објавил фотографии и снимки од својот дом на стриминг платформата „Twitch“ и на социјалните мрежи.

Полицијата накратко го привела и го испрашувала Калифа по концертот на 13 јули 2024 година, а обвинителите подоцна го обвиниле за поседување „ризични дроги“ за лична употреба.

Романските истражители рекле дека тој поседувал повеќе од 18 грама канабис и консумирал дополнителна количина на сцената.


Во писмена одлука, судиите на Апелациониот суд во Констинешти објавија дека ја поништиле првичната пресуда бидејќи уметникот испратил „порака за нормализација на нелегалното однесување“ и со тоа поттикнал „употреба на дрога кај младите“.

Нарекувајќи го „дрзок чин“, судиите рекоа дека раперот бил „музички изведувач на сцената на музички фестивал што е добро познат меѓу младите“,а кој „поседувал и консумирал џоинт, пред голема публика, претежно составена од многу млади луѓе“.

Раперот во објава на Икс ден по инцидентот изјавил дека немал намера да ја навреди земјата.


„Имаа многу почит и ме пуштија. Наскоро ќе се вратам. Но, следниот пат без голем џоинт“, порачал тој.

Романскиот криминолог Влад Заха изјавил за „BBC News“ дека има мала или никаква шанса САД да го екстрадираат Џибрил, опишувајќи ја казната како „невообичаено остра“.