Дубаи е погоден од обилни дождови и грмотевици кои за кратко време предизвикале сериозни поплави ширум градот.
На бројни локации низ градот улиците се претвориле во реки, а водата го парализирала сообраќајот и предизвикала доцнење на летовите на аеродромите во Дубаи и Абу Даби.
Поради нестабилните временски услови полицијата ги повикала граѓаните да останат во своите домови барем до петок попладне, додека во приватниот сектор препорачана е работа од дома.
Националниот центар за метеорологија на Обединетите Арапски Емирати претходно предупредил на сериозни обилни врнежи од дожд ширум земјата, со локализиран пороен дожд што особено ги погодил областите со недоволно развиени системи за одводнување. Според официјалните податоци, станува збор за најобилни дождови во ОАЕ во последните 76 години.
Метеоролозите предупредуваат дека ваквите екстремни врнежи од дожд повеќе не се исклучок, туку дел од трендот на сè почести временски екстреми, какви биле забележани и минатата година, а кои дополнително ги поттикнуваат климатските промени. Властите и понатаму ја следат состојбата на теренот и ги повикуваат граѓаните на внимание додека временските состојби да се стабилизираат.















