Грилиш со интересна изјава за најдобрите крила во Премиер лигата: Еден соиграч од Евертон е повешт од Сака

Дерби

18/12/2025

13:24

396

Големина на фонт

а а а

Џек Грилиш ужива во авантура во Евертон и успеа да се наметне како еден од лидерите на тимот кој го води Дејвид Мојс, но мора да се признае дека доскорешната ѕвезда на Манчестер Сити се вклучи во тим во кој има уште неколку добри фудбалери.

Дјузбери Хол и Илман Ендиаје се издвојуваат како играчи кои можат да бидат интересни и за клубови со доста поголеми амбиции, а Грилиш има посебно високо мислење за сенегалското крило.

Грилиш смета дека Ендиаје може да стане најдобро крило во светот, бидејќи според сув квалитет и вештина, според него тој веќе е еден чекор пред другите.

– Не велам дека Ендиаје е најдобар, но може да стане најдобар на својата позиција. Ако говориме само за вештина и фудбалско знаење, нема многу играчи како него, верувајте ми во тоа.

– Жереми Доку е добар во ситуациите еден на еден, но на него му е потребен простор. Чиста вештина поседува и Савињо, тој има навистина добри технички квалитети. Ќе го земам за пример и Сака. Тој е едно од најдобрите крила во светот, но не поседува вештина. Тој е исклучително ефективен и знае да користи простор. Мојата поента е следна, зборувам за трикови и фудбалско знаење, зборувам за играчи кои би се снашле далеку подобро на мал терен поради својот квалитет. На многу крила им треба простор за да дојдат до израз, но со Ендиаје не е така, – вели Грилиш.