Давид Налбандијан важи за еден од најголемите аргентински тенисери на сите времиња, ас кој своевремено беше меѓу најдобрите на светот, а потврда за тоа е што на врвот на својата игра беше и трет рекет на планетава.
Тој ја заврши кариерата со 11 освоени пехари, а и со забележителни резултати на најголемите турнири каде најголемиот успех му беше финалето на Вимблдон, додека на останатите три играше во неколку полуфиналиња.
Интересно е тоа што тој е запаметен како единствен тенисер кој ги победил Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ на ист турнир (Мадрид 2007), па токму затоа неговиот збор околу тоа кој е број еден има тежина.
-Нема сомнеж – Новак е најдобар. Бројките, титулите, континуитетот – сè е на негова страна. Секако, Федерер и Надал симболично значеа многу за луѓето, но за мене Ѓоковиќ е најголем. Тројцата се туркаа еден со друг напред и се правеа подобри“, заклучи Налбандијан.





