Јокиќ се сврте 360 степени, се самопроигра од табла и режираше лудорија во НБА лигата

Дерби

16/12/2025

12:58

204

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ беше прво име на паркетот во сензационалната пресметка која ја понудија Денвер и Хјустон, но исто така беше задолжен и за најлудиот момент на мечот.

Српскиот кошаркар го заврши мечот со трипл-дабл учинок и 39 поени, 15 скокови и 10 асистенции зад своето име, меѓутоа од оваа средба за одбележување е и еден потег кој најдобро ја отсликува кошаркарската интелигенција на Јокиќ.

Во даден момент, се чинеше дека „Џокер“ е во незавидна ситуација, но тој ги реши проблемите со две „пируети“, како и со самопроигрување од табла.

Безизлезната ситуација на крајот заврши со поени и брилијантна лудорија од кошаркарскиот гениј, кој рано утрово ја доби и фантастичната пресметка со Алперен Шенгун.

Денвер беше подобар во драматичната завршница и славеше по продолжение со резултат 128:125.