[ФОТО] Како се живее во еден од најладните градови на светот? Температурата вчера достигнала неверојатни -45 степени Целзиусови

Точка

16/12/2025

08:10

919

Големина на фонт

а а а

Во Јакутск, главниот град на Република Саха во источен Сибир, вчера температурата достигнала неверојатни -45 степени Целзиусови.

Овој руски град, сместен на крајбрежјето на реката Лена, важи за најладниот поголем град на светот. Иако ова се исклучително ниски температури, во регионот Саха, забележани се уште пониски, дури -52 степени Целзиусови.


Без оглед на овој студ, секојдневниот живот во Јакутск се одвива речиси нормално. На локалниот пазар, продавачите и купувачите продаваат замрзната риба, облечени во топла облека.

Продавачката Мотрјона Старостина изјавила: „Треба правилно да се облечете и редовно да пиете топол чај која сте надвор. Секогаш имам термос од кој пијам чај“.

Многу од локалните жители истакнале дека студот не претставува голем проблем доколку сте топло облечени.


„Нема лошо време, само лоша облека. Облечете се топло и сѐ ќе биде во ред“, вели една од локалните жителки.

Поради исклучително ниските температури, градските власти училиштата ги преместиле на онлајн настава за на учениците и наставниците да им обезбедат да ја избегнат опасноста од екстремниот мраз. Сепак, јавниот превоз и поголем дел од фирмите продолжиле нормално да работат.


Јакутск со околу 300.000 жители, познат е по својата сурова зима низ долгогодишното искуство и со подготвеноста успева да го одржи секојдневниот живот дури и кога термометарот покажува екстремен студ.