[ВИДЕО] Ќерката на Ким Кардашијан повторно шокира со изгледот: „И ова е дете од 12 години?!“

Точка

15/12/2025

20:55

1.411

Големина на фонт

а а а

Норт Вест, ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест, повторно ја загрижи јавноста откако го претстави својот нов имиџ на социјалните мрежи.

Модните избори на 12-годишната Норт веќе подолго време се тема на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашијан, како нејзина мајка, трпи критики од општеството, но таа не обрнува внимание на коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – „тоа е нејзин креативен начин на изразување и не сака да ја ограничува“.


Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, и тоа со објава на ТикТок. Имено, таа го претстави својот нов имиџ и малку е да се каже дека ги шокираше сите.

Како што може да се види на снимката, таа носи целосно црна комбинација, која ја надополнила со скапоцен накит. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки, кои го заокружија овој изглед на 12-годишното девојче.


Набргу по објавата следуваше лавина од коментари.

„И ова е дете од 12 години?!“, напишала една корисничка на ТикТок, додека друга додала: „Нема шанси 12-годишно дете да треба да има пирсинг на прст, избелени веѓи и такви нокти!“.


Трет корисник се надоврзал со следниот коментар:

„Ким мора да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, се само дел од реакциите…