Холивудскиот актер 6 пати имал рак, лекарите залудно го предупредувале: „Јас сум идиот, се излекував и веднаш го направив тоа што не смеев“

Точка

14/12/2025

12:56

3.200

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер ја открива својата најмрачна битка – ракот на кожа кој го следел со децении. Признава дека оваа болест му била дијагностицирана дури шест пати, додека младоста помината под австралиското сонце оставила последици што ќе ги носи до крајот на животот.

Неговата приказна е предупредување за сите: дури и еднаш изгорена кожа од сонце може да значи почеток на опасната болест.

Актерот Хју Џекмен (57) неколкупати се соочил со тешка дијагноза. Во емисијата „The Howard Stern Show“ зборуваше за својата борба со ракот на кожа. Смета дека болеста ја добил поради животот под жешкото австралиско сонце.


„Имав шест карциноми на кожа. Постојат три вида. Меланомот – најлошиот. Планоцелуларниот исто така не е сјаен. Јас имав базоцелуларен карцином“, раскажа Џекмен.

Тој објасни и што точно значи неговата дијагноза:

„Никој никогаш не умрел од тоа, но тоа е рак и тој расте. А ако не се отстрани, може да навлезе во коските, па мора да се отстрани и дел од коската“.


Свесен е и дека во иднина најверојатно повторно ќе мора да се соочи со последиците од штетното УВ-зрачење, бидејќи лекарот му објаснил дека ракот на кожа настанува и до 25 години пред појавата на видливиот карцином.

„Доволно е само еднаш да изгорите на сонце. Очигледно е дека, растејќи во Австралија, секогаш сум бил во висок ризик. Сите треба да направат преглед“, порача актерот, нагласувајќи дека ракот на кожа е лесно излечлив.


Тој призна и дека бил неодговорен кога станува збор за заштитата од сонце, како и дека одел на сончање дури и откако првпат се излекувал, пренесува „Story.hr“.

„Се прашувам што ми било во главата? Идиот. Биди блед, на кого му е гајле?“, заклучи Џекмен, кој неодамна ја потврди врската со колешката Сатон Фостер по разводот по 27 години брак.