[ВИДЕО] „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“

Макфакс

13/12/2025

19:50

676

Големина на фонт

а а а

Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.

Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.

Победник на годинашното издание на „Јуниор Евросонг“ е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.