[ВИДЕО] Полицаец среде гужва на автопат во Њујорк спаси бебе што се гушело, драматичното видео го снимил очевидец

Точка

12/12/2025

17:21

711

Големина на фонт

а а а

Бебе кое се гушело во Њујорк било спасено со интервенција на полицаец од њујоршката полиција, пренесува Њујорк пост.

Видеото снимено од очевидец го покажува полицаецот Мајкл Грин како го тапка по грбот бебето, кое на крајот успеало да си го врати здивот.

Сè се случило во средата наутро додека Грини бил на пат кон работа. Одеднаш, тој видел црн автомобил како брзо се движи по лентата за итни случаи.

Потоа полицаецот ги вклучил „флешерите“ и возел паралелно со автомобилот, од кој испаничен татко му рекол: „Моето бебе се гуши!“.

По интервенцијата на полицаецот, детето било прегледано од лекар кој исто така случајно поминувал и утврдил дека е во добра здравствена состојба.

Грин служел 17 години во њујоршката полиција, на која ѝ се приклучил во јули 2008 година.

„Неговата брза акција не спаси само еден живот – туку нè потсети сите како изгледа херојството на улиците на овој град“, рече претседателот на Здружението на полицајци од Њујорк.