Белата куќа: Фластерите на рацете на Трамп не се од повреда

Макфакс

12/12/2025

14:20

185

Големина на фонт

а а а

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека фластерите кои во неколку наврати беа забележани на рацете на американскиот претседател Доналд Трамп не се резултат на повреда, пренесе Унилад.

Таа на прес-конференција објасни дека Трамп постојано се ракува со голем број луѓе, додавајќи дека Овалната соба „е како Гранд Централ станица“. Ливит наведе и дека претседателот секојдневно зема аспирин, што може да придонесе за појава на модринки.

Објаснувањето предизвика реакции и дополнителни прашања во јавноста, но од Белата куќа инсистираат дека здравјето на претседателот е добро. Лекарот на Белата куќа на 1 декември соопшти дека 79-годишниот Трамп е во „одлична општа здравствена состојба“ по извршен систематски преглед.