[ВИДЕО] Превкусен десерт: Бабин рецепт за пита со гриз и пекмез од сливи кој ве враќа во детството

Точка

12/12/2025

16:00

173

Големина на фонт

а а а

Од бабината кујна ни пристигнува рецепт за пита со гриз и пекмез од сливи која веруваме дека ќе му се допадне на целото семејство.

Состојки

За фил:

- 200 грама гриз
- 1 ванилин шеќер
- шеќер по желба
- вода
- 100 грама суво-грозје
- пекмез од сливи

Останато:

Кори за пита (две кори за една ролничка) и масло за премачкување.

Пита со гриз – подготовка:

Гризот, ванилиниот шеќер и шеќерот (по желба), ставете ги во тенџере. Пржете ја смесата на оган, без масло додека гризот не добие кремаста боја. Полека додавајте ја водата со непрекинато мешање додека не добиете густа смеса. Печете околу пет до шест минути.

Додадете сто грама суво-грозје, па уште малку пржете, додавајќи вода. Кога смесата ќе стане густа како качамак, стиснете ја со виљушка.

Спојте две кори и секоја од нив премачкајте ја со малку масло за јадење. На другата кора распоредете две полни лажици од подготвениот гриз. Над гризот ставете од пекмезот од сливи.

Изролајте ги корите и распоредете ги на подмачкан плех за печење.

Ролничките исечете ги на помали парчиња, премачкајте ги со масло и печете 40-на минути на 200 степени Целзиусови.

На здравје!