Денеска во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското езеро, во близина на браната „Белички канал“ паднал мал спортски авион, потврдуваат од МВР.
За случајот веднаш била алармирана гостиварската полиција, а според пријавеното од урнатиот авион во водите на вештачката акумулација на копното успеале да излезат двајца косовски државјани.
Me co-pilotin nje dite te bukur, mbi Tetove!✈️
Posted by Dukagjin Manxhuka on Thursday, December 11, 2025
Џ.П. (41) и Д.М. (64), кој го управувал леталото, биле повредени во авионската несреќа и биле однесени во Медицинскиот центар во Гостивар, каде им била укажана лекарска помош.
Полициски службеници од полициското одделение во Маврово веднаш излегле на местото и во разговор со нив шеесет и четиригодишниот Косовец кој управувал леталото тврдел дека наводно поради проблем со моторот тој всушност принудно слетал во водите на езерото, информира МВР.








