Ортега за ситуацијата на Меси: Светското првенство е различно…

Дерби

10/12/2025

14:21

411

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси допрва треба да донесе одлука за тоа дали ќе биде дел од аргентинската репрезентација на Светското првенство во 2026 година.

Тој долги години е лидер, капитен на националниот тим, меѓутоа времето минува и тој веќе некој период настапува во Интер Мајами, клуб со кој испиша историја, но јасно е дека нивото, квалитетот не е исто како во Европа кога играше за Барселона и ПСЖ.

Меѓутоа Лео се уште е класа и тоа го потврдува од натпревар во натпревар, ама не сака да биде товар за националниот тим и јасно порача дека ќе игра во 2026 само ако биде максимално фит и подготвен за битките затоа што настапот на мундијалот и амбицијата за топ резултати не е лесна работа.

Ариел Ортега како фудбалско име им е добро познато на верните љубители на овој спорт, па популарниот „Ел Бурито“ е убеден дека Меси ќе и биде на располагање на репрезентацијата.

- Со оглед на тоа колку Меси сака да игра фудбал, тој ќе биде таму. Освен тоа, лично, го гледам како подобар од кога било. Тој е на неверојатно високо ниво, без оглед на тоа што луѓето велат за лигата во која игра. Мислам дека играњето на тоа ниво не е лесно, а тој ќе биде на Светското првенство.

- Тоа ќе биде лична работа за него; ќе сака да игра на секој натпревар. Светското првенство е различно; немал сериозни повреди во кариерата и изгледа дека е во добра физичка форма. Ќе се подготви добро за да биде таму без никакви проблеми, - смета легендата на Ривер Плата.