Застрашувачки податоци: Децата под петгодишна возраст буквално си го „пржат мозокот“ на социјалните мрежи

Точка

08/12/2025

20:01

626

Големина на фонт

а а а

Мозоците на децата под петгодишна возраст минуваат низ забрзана фаза на развој, поради што е особено загрижувачки што ненамерно изложуваме голема група од овие деца на огромни количини штетна дигитална содржина што го нарушува овој клучен период.

Други истражувања покажале дека децата кои користат социјални медиуми постигнуваат полоши резултати на тестовите за меморија и читање, а продолженото време пред екран предизвикува депресија и зависничко однесување кај сите возрасни групи.

Затоа е исклучително загрижувачки што оваа клучна фаза на развој ја нарушуваме ненамерно, изложувајќи ги децата на огромни количини дигитална содржина. Ова се нарекува и „гниење на мозокот“.


Како што се наведува во извештајот на истражувачите од Британскиот центар за социјална правда (CSJ), влијанието на овој масовен, неконтролиран процес веќе се чувствува, при што децата страдаат од „анксиозност и нарушувања на спиењето“ поради напливот на видеа со низок квалитет и друга содржина на социјалните медиуми, објавува „Футуризм“ Futurism.com.

„Кога му давате на вашето дете телефон, треба да го мислите како нешто што е значајно за здравјето на детето – и соодветно да се однесувате“, изјави за „Њујорк тајмс“ главниот автор Ран Барзилеј, психијатар за деца и адолесценти во Детската болница во Филаделфија.

„Ова истражување е длабоко загрижувачко. Со оглед на тоа што стотици илјади деца под петгодишна возраст сега се на овие платформи, децата кои сè уште не научиле да читаат се изложени на содржина и алгоритми дизајнирани да ги привлечат возрасните, ова треба да нè загрижи сите“, рекол лорд Џон Неш, член на британскиот Дом на лордовите и поранешен државен секретар за училишта, се наведува во извештајот на CSJ.

CSJ ја базирал својата работа на извештај од мај 2025 година од страна на Регулаторната управа за комуникации на Обединетото Кралство (Ofcom), кој ги истражуваше ставовите на британските родители и медиумските навики на нивните деца.


Контакт со странци

Офком открил дека околу едно од пет деца на возраст од три до пет години користат социјални медиуми самостојно, а една четвртина од осум до деветгодишните деца кои играат игри онлајн стапиле во контакт со странци во овие интерактивни средини, што ги прави популарни места за предатори да ги напаѓаат децата.

Истиот извештај на Офком покажал дека 37 проценти од анкетираните родители признале дека нивните деца на возраст од три до пет години имале пристап до социјалните медиуми, што е зачудувачки пораст од веќе високите 29 проценти пред околу три години.

CSJ ја зел таа бројка, ги применил пресметките на населението и проценил дека станува збор за околу 814.000 британски деца кои сега „си ги пржат мозоците“ со најглупавите мемиња и видеоклипови.


Дека влијанието од овој масовен, неконтролиран „експеримент“ веќе има вистински последици сведочат воспитувачите.

„Имам две деца во моето одделение кои физички не можат да седат на тепихот“, изјавила една учителка цитирана во извештајот.

„Ова треба да нè загрижи сите“

„Ова истражување е длабоко алармантно“, изјавил лорд Неш, член на британскиот Дом на лордовите и поранешен државен потсекретар за училишта.

„Со оглед на тоа што стотици илјади деца помлади од пет години се на овие платформи—деца кои уште не знаат да читаат, а ги хранат содржини и алгоритми создадени да го привлечат вниманието на возрасни—ова треба да нè загрижи сите.“

Истражувачите изразија дополнителна загриженост: „Загрижени сме поради растечката анксиозност и дистрес поврзан со идентитетот, кој произлегува од постојаната стимулација од екраните. Училиштата известуваат за намалена концентрација и промени во однесувањето поврзани со онлајн нормите.“

Потребни се итни мерки


За да се заштитат децата, Центарот за социјална правда препорачува неколку конкретни мерки:

• подигнување на старосната граница за користење социјални мрежи на 16 години

• целосна забрана на паметни телефони во училиштата

• национална кампања за подигнување на свеста за опасностите што интернетот и социјалните медиуми ги претставуваат за јавното здравје.